дома Балкан РУСКИОТ КОНЗУЛ ПРОНАЈДЕН МРТОВ: Анреј Маланин пронајден мртов во својот стан во...

РУСКИОТ КОНЗУЛ ПРОНАЈДЕН МРТОВ: Анреј Маланин пронајден мртов во својот стан во Атина!

Руската амбасада во Грција ја потврдила смртта на Рускиот конзул во Атина

Претходно, грчките медиуми известуваа дека 55.годишниот Руски конзул, Андреј Маланин, починал. Според порталот „Прототема“, Рускиот дипломат бил пронајден мртов во својот апартман во центарот на Атина. Тој не се појавил на работа утрината и не одговарал на телефонските повици.

Колегите кои отишле до неговиот апартман, заедно со полицијата ја отвориле вратата, која била заклучена одвнатре.
Истрагата за причините за смртта е во тек, но според неофицијални информации од грчката полиција се работи за природна смрт.