дома Свет РУСКИ АВИОНИ ГАСНАТ ПОЖАРИ ВО ИЗРАЕЛ: Се продлабочува Руско-Израелската соработка!

РУСКИ АВИОНИ ГАСНАТ ПОЖАРИ ВО ИЗРАЕЛ: Се продлабочува Руско-Израелската соработка!

Министерството за вонредни ситуации на Русија испрати во Израел два амфибиски авиони БЕ-200 за гаснење на пожари, соопшти ресорното министерство. Тие веќе слетале на аеродромот во Тел Авив

Организирана е соработка со локалните власте, се очекува наскоро руските специјалисти наскоро да почнат со гаснење на пожарите.

„Соработката со израелската страна беше организирана уште пред доаѓањето на авионите на МИнистерството за вонредни ситуации. Во Израел е одржан брифинг со раководството на спасувачките служби на овие земји, одредени се задачи и места на гаснење на пожарот, нашите авиони ќе почнат да делуваат веќе во наредните неколку часа во подрачјето на Хафа“, рекол раководителот на оперативната група на Министерството за вонредни ситуации во Израел, Александар Романов. Помошта се врши на основа на налог на претседателот на Русија и на барање на израелската држава.

Напната е ситуацијата со пожарите на северот на земјата во градеовите Хадера, Зихрон Јаков и Хајфа – од последниот се евакуирани 60.000 луѓе. Шумски пожари беснеат и недалеку од Ерусалим.