August 18, 2022, 11:17 pm

Руски лекap: Постојат необјасниви работи за кopoнaта, тестот за кpв е подобар од ПЦР, луѓето со оваа kpвна група поретко се paзболуваат

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Докторот и водител Александар Мјасников посочи необјасниви работи поврзани со корона вирусот, почнувајќи од таканаречените „супер-носители“ кои самите не се болни, па се до различни предиспозиции за ковид-19 кај луѓето.

Според него, „супер-носителите“ на инфекцијата обично самите не се разболуваат, туку масовно ги инфицираат луѓето од нивната околина. Обично, само 20% од луѓето го пренесуваат вирусот, и доста е тешко да се идентификуваат, објаснува докторот.
Тој додаде уште еден друг парадокс е поврзан со различни предиспозиции за оваа болест. Мјасников потсетува дека луѓето со нулта крвна група се со помала -веројатност да се заразат.

Во исто време, тој ги повика граѓаните да не се грижат за случаи на повторување на инфекцијата.

„Луѓето повторно се разболуваат, но има многу помалку од нив отколку што пишуваат весниците“, посочи тој.

Губењето на антитела на вирусот со текот на времето, според експертите, е природно, и за повеќето лекари, нивното ниво престана да биде индикатор.

Најсигурен начин за откривање на болеста е тест на крвта.

„Тестот не покажува дали вирусот е присутен во телото, туку дали вирусот е присутен на стапчето кое го ставате во вашиот нос. 40 проценти од негативните резултати се лажни! “, предупреди докторот.

Тој, исто така, ја коментираше ситуацијата со зголемувањето на стапката на смртност од ковид -19 во Русија, привлекувајќи внимание на искуствата на земјите, особено Америка и Израел, каде што вакцинацијата помогна значително да се намали смртноста.

Во последните 24 часа, во Русија се регистрирани 25.110 нови случаи на инфекција со коронавирус и 895 смртни случаи поврзани со вирусот, што е најголем број од почетокот на пандемијата.

Според рускиот министер за здравство Михаил Мурашко, повеќето пациенти кои завршуваат во болниците за Ковид не се вакцинирани.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This