дома Актуелно Руски тeнkoви пристигнаа во Србија

Руски тeнkoви пристигнаа во Србија

Авиони натоварени со тенкови кои Русија ги донираше на Србија започнаа да слетуваат на батајничкиот аеродром од вчеравечер, пишуваат локалните медиуми. Неофицијално, испорачани се два тенка Т-72Б1МС „Бел Орел“.

Руската Федерација на Србија и донираше 30 тенкови Т-72МС, а првите веќе се испорачани.

Како што доскорешниот министер за одбрана на Србија, Александар Вулин, истакна во мај минатата година, тенковите Србија ќе ги добие како донација во рамки на воено-техничкиот договор кој е постигнат помеѓу Александар Вучиќ и Владимир Путин.

Во рамкио на овој договор, Србија од Русија, освен овие тенкови доби и оклопни возила, 30 возила БРДМ-2, од кои некои веќе се испорачани.

Србија добива и авиони „МиГ-29“, хеликоптери МИ-17 и МИ-35, ПВО системи „Панцир“.