дома Македонија РУСКОВСКА СО ЗАKАНИ КОН ПРАТЕНИЦИТЕ:Собранието нека му ја мисли ако избегаат Вељаноски...

РУСКОВСКА СО ЗАKАНИ КОН ПРАТЕНИЦИТЕ:Собранието нека му ја мисли ако избегаат Вељаноски и Димовски

Обвинителката Вилма Русковска од полицијата нема да бара да ги следи Трајко Вељановски и Љупчо Димовски на кои Собранието не им го одзема имунитетот.

– Ако избегаат Собранието нека му ја мисли – вели Русковска за Телма.

Истрагите ќе подолжат со тоа што овие двајца барем засега осомничени, остануваат на слобода. Притвор обвинителството може да бара и доколку подигне обвинение по што ќе треба да се повтори целата процедура за имунитетот.