дома Македонија Русковска ќе го тyжи ВМРО-ДПМНЕ

Русковска ќе го тyжи ВМРО-ДПМНЕ

Шефицата на Основното јавно Обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Вилма Русковска, вчера (3.7.) до Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ преку полномошник доставила опомена пред тужба за клевета, објави „Дојче веле“.

Повод за ваквиот потег на обвинителката, бил дел од содржината на изборниот спот на опозициската коалиција, насловен како „Криминална приказна“.

Станува збор за спотот каде е прикажано како мајка чита приказна пред спиење на своето дете и во еден дел го споменува името на Вилма Русковска.