дома Спорт РУСКОТО ЗНАМЕ ЗАБРАНЕТО НА ОЛИМПИЈАДАТА: Кога спортот ќе стане политика, се забрануваат...

РУСКОТО ЗНАМЕ ЗАБРАНЕТО НА ОЛИМПИЈАДАТА: Кога спортот ќе стане политика, се забрануваат и знамиња на држави

Интернационалниот олимписки комитет одлучи да ги спречи спортистите од Русија да настапат под своето знаме на церемонијата за затворање на игрите на Пјонгчанг.

До последен момент Русите се надеваа на компромис, но тоа не беше постигнато. Во принцип, членството на Рускиот олимписки комитет во ИОК беше замрзнато на неопределено време на 5 декември, поради наводните допинг-скандали и наводното мешање на државата во нив за време на Олимпијадата во Сочи пред четири години.

На Олимписките игри во Пјонгчанг беа примени само наводно чисти руски спортисти, но во Кореја, двајца од нив беа фатени со забранети супстанции, за кои што сеуште нема официјални резултати од тестирањето.