дома Свет САД ги замрзна државните резерви на Авганистан во американските банки

САД ги замрзна државните резерви на Авганистан во американските банки

САД ги замрзна резервите на авганистанската влада што се во американските банки, пишуваат американските медиуми, повикувајќи се на неименувани извори.

Според нив, одлуката ја донеле министерката за финансии на САД, Џенет Јелен и службениците на Дирекцијата за контрола на странски имот од Министерството за финансии.

Во дискусијата за ова прашање учествуваа и претставници на Стејт департментот, додека Белата куќа „го следеше развојот на настаните“.

„Сите средства на Централната банка во сопственост на авганистанската влада во Соединетите држави ќе бидат недостапни за Талибанците“, цитиран е неименуван претставник на американската администрација.