дома Свет САД ГИ ЗГOЛЕMУВА TEHЗИИТЕ: Уште еден вoeн брод испратен на Блискиот Исток

САД ГИ ЗГOЛЕMУВА TEHЗИИТЕ: Уште еден вoeн брод испратен на Блискиот Исток

Морнарицата на САД објави дека уште еден нивни вoeн брод пристигнал во води на Блискиот Исток.

Во соопштението на морнарицата се наведува дека американскиот вoeн брод УСС Боксер, заедно со два амфибиски брода за транспорт и истоварување УСС Џон Мурта и УСС Карперс Фер од Индискиот Океан, пристигнале во зоната на Петтата флота.

Морнарицата не прецизира точно каде се бродовите. Петтата флота на САД, што се наоѓа во Бахреин, е задолжена за следење на присуството на морнарицата во Персискиот залив и во околните води на Блискиот Исток. САД веќе се во регионот со американскиот носач на авиони Абрахам Линколн и придружни бродови испратени во мај, како резултат на зголемувањето на тeнзиите со Иран.