дома Свет САД ГО ФРЛИ НАЈСИЛНОТО НЕНУКЛЕАРНО ОРУЖЈЕ: 10.000 килограми тешка бомба фрлена во...

САД ГО ФРЛИ НАЈСИЛНОТО НЕНУКЛЕАРНО ОРУЖЈЕ: 10.000 килограми тешка бомба фрлена во Авганистан!

САД ја употребија најмоќната ненуклеарна бомба во борбени услови, а цел биле терористите на ИСИС во Авганистан, соопшти денес Пентагон

„Нападот е изведен денес во областа Ачин во провинцијата Нангархар. Цел беа терористите на ИСИС, нивните тунелски системи кои ги користат за преместување. Употребена е бомбата ГБУ-43“, рекол претставникот на Пентагон.

Тој потврди дека таа бомба е најсилното ненуклеарно оружје кое САД го употребиле.

СПоред неговите зборови, бомбата е фрлена од авионот МС-130. Нејзината маса е 9.5 тони.

Бомбата е дизајнирана во 2002. година, а е во служба од 2003 година. Долга е преку девет метри, тешка преку 10.000 килограми и содржи 8.500 килограми ТНТ експлозив.

Бомбата е фрлена откако припадник на зеленатите беретки на САД бил убиен пред неколку дена во околината.