January 30, 2023, 8:06 am

САД гo пoтвpдиja cтaвoт: Зaпaдниoт Бpeг e okyпиpaнa тepитopиja

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Стејт департментот на САД ја потврди својата позиција дека го смета Западниот брег како територија окупирана од Израел, пренсува „Мидл Ист монитор“.

„Историски факт е дека Израел ги окупираше Западниот брег, Газа и Голанската Висорамнина по војната во 1967 година“, изјави портпаролот на Стејт департментот, Нед Прајс.

Појаснувањето дојде откако Стејт департментот ги објави своите годишни извештаи за човековите права во земјата за 2020 година.

Извештајот ги потврди чекорите преземени од претходната администрација на Доналд Трамп, кој ги призна Ерусалим како главен град на Израел и суверенитетот на Израел над Голанската Висорамнина. Исто така ја зачува и промената направена во извештајот на поранешниот претседател Трамп, во која тој ја замени фразата „Израел и окупираните палестински територии“ со „Израел, Западен Брег и Газа“.

На прашањето дали САД сметаат дека Западниот Брег е окупирана територија од Израел, Прајс одговори потврдно.

„Всушност, во Извештајот за човекови права во 2020 година се користи терминот ‘окупација’ во контекст на сегашниот статус на Западниот Брег“, рече Прајс, додавајќи дека ова е долготрајната позиција на претходните администрации на двете страни.

Претходно во средата, еден репортер ја запраша помошничката-државен секретар за демократија, човекови права и труд, Лиза Петерсон, дали Стејт департментот смета дека Западниот Брег е окупиран од Израел. Петерсон рече дека делот за Израел и палестинските територии е претставен слично на претходните години.

„Овој Извештај за човековите права се однесува на најчесто користените географски имиња на областа што ја опфаќа извештајот. Значи, Израел, Западниот брег и Газа. Ова е наменето за разграничување на географските области и ги става во согласност со остатокот од извештајот“, рече Петерсон.

„Тие географски индикатори немаат за цел да пренесат каква било позиција за какви било прашања за конечниот статус за кои треба да се преговара меѓу страните во конфликтот, вклучително и специфичните граници на израелскиот суверенитет во Ерусалим или границите меѓу Израел и која било идна палестинска држава“, додаде таа.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This