дома Балкан САД СЕ СВРТЕ ПРОТИВ ТАЧИ: Обврските од Бриселската спогодба мора да се...

САД СЕ СВРТЕ ПРОТИВ ТАЧИ: Обврските од Бриселската спогодба мора да се почитуваат!

Соединетите Американски Држави ја поддржуваат Бриселската спогодба и сите обрски кои произлегуваат од неа, порачаа од Амбасадата на САД во Белград.

„Тоа исто така се однесува и на обврската која се однесува формирање на општини со српско мнозинство“, порачаа од амбасадата.

Oваа порака следеше откако претседателот на Косово Хашим Тачи вчера изјави дека нема да дозволи формирање на ЗСО, бидејќи тоа би значело формирање на Република Српска на Косово.

Точно е дека се согласив да биде формирана заедница на српските општини, но околностите се сменија и не можеме да го дозволиме тоа, посебно не во замена за визната либерализација

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денес истакна дека е апсолутно шокиран од фактот дека Европската Унија не реагирала на изјавата на Хашим Тачи, дека нема намера да ги исполни обврските од Бриселскиот договор. Тој додаде дека доколку не стигне реакција од ЕУ до крајот на утрешниот ден, „ние знаеме како треба да постапиме“.