дома Актуелно САД ИМАЛЕ ИНФОРМАЦИИ ЗА НАПАДОТ ВО ИСТАНБУЛ: Амбасадата на САД ги отфрла...

САД ИМАЛЕ ИНФОРМАЦИИ ЗА НАПАДОТ ВО ИСТАНБУЛ: Амбасадата на САД ги отфрла информациите дека знаеле за нападот!

Владата на САД ги отфрлува информациите и шпекулациите дека имале информации за терористичкиот напад врз ноќниот клуб Реина во Истанбул, стои во соопштението на амбасадата на САД

Претходно, весникот „Хуријет“ го цитирала Мехмет Коџарслан, сопственик на клубот, кој изјавил дека Стејт Департментот на САД знаел за терористичкиот напад со оглед на тоа што предупредувале дека за Новогодишната вечер се можни терористички напади. На 22-ри декември, амбасадата на САД објави предупредување до граѓаните на САД за можна опасност од терористички напади во Турција за време на Новогодишните празници.
„Спротивно на шпекулациите кои циркулираат на социјалните медиуми, Владата на САД немаше информации за конкретни закани, вклучително и закана по ноќниот клуб Реина“ – стои во краткото соопштение на амбасадата на САД.

Во масакрот кој се случи вечерта на прослатава на Нова Година, загинаа 39 лица, 70 се повредени.