дома Свет САД и Beликa Бpитaниja пpeдyпpeдиja дa ce избeгнyвaaт хoтeлитe вo Кaбyл

САД и Beликa Бpитaниja пpeдyпpeдиja дa ce избeгнyвaaт хoтeлитe вo Кaбyл

 САД и Велика Британија ги предупредија своите граѓани да се држат настрана од хотелите во центарот на авганистанскиот главен град Кабул, особено познатиот хотел Серена.

„Американските државјани кои престојуваат или се наоѓаат во близина на хотелот Серена, мора веднаш да заминат”, се вели во соопштението на Стејт департментот на САД, повикувајќи се на „закани по безбедноста во таа област”.

Британското Министерство за надворешни работи ја објави следната изјава: „Во услови на зголемени ризици, се препорачува да не престојувате во хотели, особено во Кабул (на пр. Хотелот Серена).

Серена е најпознатиот луксузен хотел во Кабул, особено популарен кај странските посетители пред градот да падне во рацете на талибанците пред осум недели.

Тој во минатото двапати беше предмет на екстремистички напади.