дома Свет САД пpoтив истpaгатa на ООН за злocтopcтва за време на koнфликтот меѓу...

САД пpoтив истpaгатa на ООН за злocтopcтва за време на koнфликтот меѓу Израел и Палестинците

САД денес соопштија дека длабоко жалат за одлуката на Советот за човекови права на ООН да започне меѓународна истрага за злосторства што може да се случиле за време на конфликтот меѓу Израел и палестинскиот Хамас во Газа.

„Денешната акција се заканува да го загрози напредокот што е постигнат“, се вели во изјавата на американската мисија при ООН во Женева цитирана од Ројтерс.

Соединетите држави, кои имаат статус на набљудувач и не гласаат на овој форум во Женева, не зборуваа на целата дневна специјална сесија на која беше усвоена резолуцијата за покренување истрага за злосторства, јави Танјуг.

Резолуцијата е поднесена од Организацијата за исламска соработка и палестинската делегација до ООН.