дома Свет САД ce зaгpижeни пopaди вoeнитe cпocoбнocти нa Кина

САД ce зaгpижeни пopaди вoeнитe cпocoбнocти нa Кина

САД изразија загриженост поради развојот на системи за оружје од страна на Кина, откако Пекинг пријави дека тестирал хиперсонична ракета, соопшти Белата куќа.

Портпаролката на Белата куќа, Џен Псаки, за време не брифинг, одби да го коментира лансирањето на проектилот.

Американскиот секретар за одбрана, Лојд Остин, претходно изјави дека Вашингтон внимателно го следи развојот на кинеските системи за напредни оружја, но не ги коментираше извештаите дека Пекинг тестирал хиперсонична ракета способна да носи нуклеарна боева глава.

Кинеското министерство за надворешни работи го демантираше извештајот на „Фајненшл тајмс“, во кој се наведува дека Пекинг лансирал хиперсонично оружје во јули.

Пекинг изјави дека станува збор за вселенско летало, а не проектил.