дома Свет САД paзмиcлyвaaт зa бojкoт нa Олимписките игpи вo Пeкинг

САД paзмиcлyвaaт зa бojкoт нa Олимписките игpи вo Пeкинг

Портпаролот на американскиот Стејт департмент, Нед Прајс изјави дека државата со сојузници и партнери разговара за можноста за бојкот на Олимписките игри во Пекинг, Кина.

– Дел од нашиот пристап кон оваа Олимпијада ќе вклучува тесна консултација со нашите партнери и сојузници ширум светот. Има уште време пред игрите. Не сакам да поставам никаква временска рамка, но дискусијата е веќе во тек, изјави Прајс за „ЕСПН“.

Зимските олимписки игри во Пекинг ќе се одржат од 4 до 20 февруари 2022 година.

Соединетите Американски Држави можат да ги бојкотираат игрите во Пекинг поради кршењето на правата на Ујгурите, како и на жители на Монголија и Тибет. На 6 февруари беше објавено дека Норвешка презела иницијатива за бојкот на ЗОИ во Кина.