дома Занимливости Сакала „да ја разгоpи стpаcта“: Поради „cеkcи“ чорапи сопругот со безбол палка...

Сакала „да ја разгоpи стpаcта“: Поради „cеkcи“ чорапи сопругот со безбол палка на неколку места и го сkpшил стапалото!

Австралијанка која сакала да ја разгори страста во бракот тоа го направила на погрешен начин. Поточно, со погрешен избор на чорапи…

Таа купила и облекла чорапи кои ги сметала за предизвикувачки а намерата и била да го изненади сопругот. Во идејата и’ успеала, но делумно и дефинитивно постигнала спротивен ефект од оној што го очекувала.

Чорапите биле со животински принт, односно змијска кожа, и тоа со доста верен приказ. Мажот во еден момент помислил дека во креветот има две змии па бргу реагирал, ја дофатил безбол палката и почнал да удира по „змијата“.
Додека сфатил дека удира по нозете на сопругата веќе било доцна бидејќи и го скршил стапалото на неколку места.