дома Македонија САМО ВО ,,СЕВЕРНА”: Конфекциски техничар се бара за работа на позиција во...

САМО ВО ,,СЕВЕРНА”: Конфекциски техничар се бара за работа на позиција во администрација

Меѓуопштинскиот центар за социјална работа од Делчево, на страницата на агенцијата за вработување објави оглас кој сведочи за еклатантна партизација и вработување на нecтручен кадар во администрацијата, пренесува Лидер.

Имено, од оваа државна институција објавиле оглас дека вработуваат референт, административец, кој ќе добива плата од 14.000 денари. Но во огласот пишува дека е потребно вработениот да биде “конфекциски техничар”.

Каква врска има квалификуван шивач или шивачка со завршено средно образование со административна работа, останува неjaсно.

Всушност, јасно е. Огласот е намecтен. Огласот можете да го погледнете на следниот ЛИНК.