дома Политика САТИРА ПО НАРАЧКА ОД СДС: Куртон сатиричарите се вдомија во владата на...

САТИРА ПО НАРАЧКА ОД СДС: Куртон сатиричарите се вдомија во владата на Заев

По неуспешниот проект Контравести коj го водеше Ирена Ристиќ вреден половина милион евра кој требаше да биде ударна палка на СДСМ која со сатирични прилози ќе го исмева ВМРО-ДПМНЕ, следуваше сатиричната емисијата на Телма Вчерашни Новости.

Како награда за добро сработените порачани прилози на Телма водителката Јована која беше дел од екипата на Вчерашни Новости стана дел од Пи- Ар службата на Министерството за финансии.

Љупчо Бубо Каров пак стана дел од тимот на Роберт Поповски Министерот без ресор, задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност. Тој наводно поради неговото искуствово со односи со јавност и комуникации како надворешен советник би придонел во Пи-Ар-от на владата на СДСМ.

Единствено нешто кое ги поврзува овие луѓе е нивното плукање по владата на ВМРО-ДПМНЕ изминативе 11 години. СДСМ во предизборието зборуваше за превработеност во администрацијата а сега од позиција на власт ги вработува сите свои партиски послушници и луѓе кои им останаа лојални изминативе 11 години. Oчигледно од расплетот на настаните е дека порачаните прилози и изјави на експерти и комичари изминативе години ќе им се исплатат на новите ,,државни’’ (партиски) службеници.