дома Култура Сашо Димоски е назначен за нов в.д. директор на Театарот и Центарот...

Сашо Димоски е назначен за нов в.д. директор на Театарот и Центарот за култура “Јордан Хаџи Константинов Џинот” во Велес

Драмскиот писател и драматург, Сашо Димоски е назначен за нов в.д. директор на Театарот и Центарот за култура “Јордан Хаџи Константинов Џинот”, во Велес. Тој доаѓа на местото на режисерот Алаксандра Ивановски, која беше в.д. директор во 2 мандати по шест месеци, кои законски истекоа.

Од Министерството за култура најавија дека во првата прилика, кога ќе се создадат услови, ќе биде распишан конкурс за избор на директор на Театарот и Центарот за култура во Велес.