October 2, 2023, 6:51 pm

Сашо Мијалков нyди гapaнциja oд 7,5 милиoни евpa зa дa излeзe oд пpитвop oд „Шyткa“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Поранешниот прв човек на УБК, Сашо Мијалков, кој се наоѓа во притвор во истражниот затвор „Скопје“, понудил гаранција од 7,5 милиони евра за да се брани од слобода, односно за да излезе од „Шутка“, дознава „Фокус“ од свои извори.

Засега, како што дозна „Фокус“, обвинителството се уште не дало мислење по барањето, но сумата е доста висока, поради што и се шпекулира дека е можно да се очекува согласност. Одлуката пак за тоа дали Мијалков ќе излезе на слобода за неколку дена треба да ја донесе совет во Кривичниот суд.

-Во меѓувреме како што дозна „Фокус“, по поднесената гаранција, адвокатите на Мијалков ја повлекле жалбата доставена до Апелација, со која се жалеа на одредениот притвор до правосилност на пресудата за случајот „Трезор“. За оваа информација „Фокус“ не доби потврда од адвокатите, бидејќи не одговараат на нивните телефонски повици, објави Фокус.

Мијалков пред еден месец беше осуден на 8 годишна казна затвор за случајот „Трезор“.

Извор: fokus.mk

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This