дома Свет Сајбeр нaпaд врз најголемата американска нафтена компанија, сите системи се исклучени

Сајбeр нaпaд врз најголемата американска нафтена компанија, сите системи се исклучени

Најголемата американска компанија за трансфер на рафинирана нафта во САД, Колонијален гасовод, ги прекина сите свои операции поради хакерски упад, соопштено е од седиштето на компанијата.

Во соопштението се посочува дека нападот е откриен на крајот на неделава, дека сите системи се затворени, како и дека Интернетот е исклучен за да се реши проблемот.

Компанијата Colonial Pipeline ангажираше експертска компанија која се занимава со безбедносни проблеми на Интернет да спроведе истрага, а сојузните власти се информирани за овој случај, според извештајот на Ројтерс.

Гасоводот на компанијата ги поврзува рафинериите со пазарите преку југот и истокот на САД преку гасоводен систем со вкупна должина од околу 8.850 километри низ кој течат бензин, дизел, керозин и други нафтени производи.