дома Политика Сајкоски: Пoтpeбитe нa угocтитeлcкиoт ceктop oд Куманово ќe влeзaт вo пpoгpaмaтa

Сајкоски: Пoтpeбитe нa угocтитeлcкиoт ceктop oд Куманово ќe влeзaт вo пpoгpaмaтa

Потребите на угостителскиот сектор од Куманово ќе влезат во програмата на идниот градоначалник, вели Сајкоски.

Носителката на кандидатската листа за советници на Куманово од ВМРО-ДПМНЕ Елена Доцевска-Божиновска, заедно со генералниот секретар на партијата Ѓорѓија Сајкоски и членот на Извршниот комитет Гордана Димитриевска-Кочоска денеска остварија средби со претставници од Здружението на угостители од Куманово пред кои ја презентираа изборната програма.

– Угостителите беа најпогодени од кризата. Разговараме за идните решенија и политики на Куманово. Дадовме гаранција дека во следниот период и угостителите и стопанствениците и граѓаните на Куманово ќе бидат директно вклучени во работата на општината и со поддршка на идниот градоначалник Тони Михајловски и со идниот претседавач на Советот на општината, Елена Божиновска. Ќе направиме она што во изминатиов 30-годишен период не беше направено, изјави Сајкоски.

Додаде дека она што дополнително ќе произлезе од средбите со угостителскиот сектор и со останатите сектори ќе биде вградено во програмата на градоначалникот и ќе биде стопроцентно реализирано.

Во програмата на ВМРО-ДПМНЕ стои дека ќе се воспостави перманентна координација со овој сектор, особено при изготвување на програмите за локален економски развој и за културни манифестации.

-Ќе направиме напори да се намалат локалните такси и надоместоци, имајќи ги предвид забраните за работа со кои се соочуваат угостителите, велат од ВМРО-ДПМНЕ.