дома Занимливости Свадба од 100 милиони долари: Првите фотографии од најлуксузната венчавка во Индија

Свадба од 100 милиони долари: Првите фотографии од најлуксузната венчавка во Индија

100 милиони долари?! Свадбата на ќерката на најбогатиот човек во Индија го придоби вниманието на целиот свет. За екстравагантните прослави кои траат неколку денови воопшто не се штедело.

Иша Амбани и Ананд Пирамал направија свадба за која долго време ќе се зборува. Бијонсе им пееше на претсвадбената свеченост, а меѓу гостите беа Хилари Клинтон, младенците Пријанка Чопра и Ник Џонас, моделот Наталија Водјанова како и многу славни личности од Боливуд.

27-годишната Иша е ќерка на Мукеш Амбани, за кого се смета дека поседува богатство од 42 милијарди долари.