дома Македонија Свадби ќе може да се организираат кон крајот на мај почеткот на...

Свадби ќе може да се организираат кон крајот на мај почеткот на јуни

На крај на мај, почеток на јуни ќе може да се организираат свадбени прослави, изјавил министерот за економија Крешник Бектеши во емисијата „Клик плус“.

Тој вели дека доколку продолжи ваквата епидемиолошка ситуација, тогаш крај на мај или почеток на јуни ќе се отворат и рестораните за свадби согласно протоколите кои ќе бидат одобрени.