дома Македонија СВЕДОК ВО СЛУЧАЈОТ „ТЕНК“: Стариот Мерцедес е надвор од употреба од 2017-та...

СВЕДОК ВО СЛУЧАЈОТ „ТЕНК“: Стариот Мерцедес е надвор од употреба од 2017-та година

Саше Спасовски, вработен во МВР како ескортно обезбедување на странски делегации денес сведочеше во судот за случајот „Тенк“.

Тој бил главен оперативен работник во обезбедувањето на претседателот на влада на РМ, од ‎2008-2011 возач на ВИП возило и 2016 година возач на блиндирано возило на техничкиот премиер Емил Димитриев до крајот на неговиот мандатот.

-Стариот Мерцедес беше многу амортизирано возило. Нон-стоп имаше проблеми со моторот и знаеше да откаже на поголеми патувања. Еднаш моторот изгаси на патот накај резиденцијата на Водно, се закочи воланот и кочниците, па излетавме од патот. Доколу тоа ни се случеше на отворен пат, последиците би биле големи, изјави сведокот.

Спасовски потврди дека стариот блиндиран Мерцедес се користел до 2017-та година и сега е надвор од употреба.