На гласањето за најубаво знаме на светот на кое учествуваат 250 земји, македонското знаме во моментов се наоѓа на 11-тото место. На првото место се наоѓа знамето на соседна Србија, а на четвртото, знамето на нашата претходна држава – Југославија.
Изгледа дека голем број Македонци сериозно му пристапуваат на ова гласање имајќи го предвид фактот дека знамето на нашата држава се наоѓа пред 239 земји. Се’ има време и вие да го дадете својот глас.
Доколку сакате нашето знаме да се искачи уште некое место погоре или се согласувате дека имаме шанси за првото место, гласајте.