дома Занимливости Светот ја пронајде двојничката на Колинда која е вистинска убавица

Светот ја пронајде двојничката на Колинда која е вистинска убавица

Популарноста на хрватската претседателка Колинда Грабар Китаровиќ расте од ден на ден се повеќе.

За време на Светското првенство во фудбал минатата година Колинда беше вистински хит, а по завршувањето целиот свет се заинтересира за нејзиниот живот.

Светот отиде дотаму, па дури и најде двојничка која вози автобус во Африка, а овој пат хрватските медиуми пишуваат за нова двојничка која несомнено наликува на неа.

Станува збор за актерката Кони Бритон која има освоено две ЕМИ награди и Златен глобус, а публиката најмногу ја познава по улогата во серијата „American Horor Story“.

Како што пишуваат хрватските медиуми нејзините образи, нос и коса наликуваат на нивната миленичка, а особено кога ќе се насмее тие две се близначки.