дома Актуелно СВЕТСКИОТ ПОРЕДОК СЕ МЕНУВА ОД КОРЕН: Британија ја повикува САД заедно да...

СВЕТСКИОТ ПОРЕДОК СЕ МЕНУВА ОД КОРЕН: Британија ја повикува САД заедно да престанат со мешањето во внатрешните работи на други држави!

Британската премиерка Тереза Меј до Републиканците во САД испрати сили пораки, но и силни критики додавајќи дека тие (САД и Велика Британија) мораат да застанат заедно, велејќи дека времето на режирани воени интервенции во земјите во светот е завршено

Меј не се воздржа со пофалните зборови до Републиканците за нивните изборни победи во Ноември, велејќи дека и е „чест“ да им се обрати „во моментот кога се раѓа нова ера на Американската обнова“. Но, освен пофални зборови, Меј испрати и критики до новата администрација и претседателот Доналд Трамп, повикувајќи ја САД да не го напушта Иранскиот нуклеарен договор, да ги „одбрани“ земјите во соседството на Русија и да продолжи да ги поддржува меѓународните институции како НАТО.
Меј, ќе биде првиот странски лидер кој ќе се сретне со Претседателот Трамп во петок во Белата Куќа. Нејзиниот говор во четвртокот, до лидерите на Републиканската партија кои се собраа во Филаделфија за нивниот годишен состанок, очигледно имаа за цел да го обликуваат новот светоглед на Претседателот на САД.

„Ова не смее да биде враќање кон неуспешните политики од минатото. Деновите кога Британија и Америка вршеа интервенции во суверени земји во обид да го обликуваат светот во нивниот пример, се завршени. Но не смеме да дозволиме да бидеме пасивни кога заканата е реална и кога е во наш интерес да интервенираме“, вели таа.

Меј изјавила дека лидерството на САД и Велика Британија не само што им помогна во воените победи и надминување на проблемите, „го обликуваше и модерниот свет.“ Таа додава и дека двете нации имаат обврска да водат.
„Бидејќи кога другите настапуваат, а ние се откажуваме, тоа е лошо за Америка, за Британија и за светот“ – вели Меј.

„Поради ова, поради она што го направивме заедно, поради големата победа која ја извојувавте, Америка има можност да биде посилна, поголема, и посигурна во годините кои доаѓаат“, изјавила Меј, предизвикувајќи аплаузи од раководството на Републиканците, додавајќи дека „Нова, силна, самоуврена Америка е добра за светот“.

Таа ја пофали и изненадувачката победа на Трамп, велејќи дека e „наспроти сите експерти и анкети“, и служи како глас на работничката гласа на Америка.
Меј потсети дека и таа, исто како и присутите е конзервативен политичар, кој верува во враќање на власта во „рацете на народот“.

Таа зброуваше силно за НАТО, Светската Банка и ММФ.
„Некои од овие организации имаат потреба од реформа со цел повторно да станат релевантни во однос на денешните потреби“, вели таа.
Подоцна додаде дека справувањето со модерните закани на ИСИС и некои други актери, треба да ги натера САД и Велика Британија „да се свртат кон овие мултинационални институции како ОН и НАТО кои поттикнуваат меѓународна кооперација и партнерство“.