За насилството кое го спроведува СДСМ во екот на кампањата за претстојните локални избори известуваат и највлијателните светски медиуми. Медиумите како Фокс Њус, Вашингтон пост, Њујотк Тајмс и други, ставаат акцент на инцидентот во кој беше претепан градоначалникот на Шуто Оризари, Елвис Бајрам, кој е и кандидат за втор градоначалнички мандат.
Сите светски медиуми известуваат за секојдневните насилства кои се случуваат во предизборниот период и за демолирањето на штабовите на ВМРО ДПМН
Њујорк Тајмс, покрај предизборното насилство, се осврнува и на политичката криза во Македонија по која беше составена моменталната Влада предводена од СДСМ.
-На еден дел, таму каде што беше лоциран штабот на противкандидатот Курто Дудуш имаше лица кои беа веќе спремни. Беа спремни со секири, беа спремни со шипки и не нападнаа физички и со боксови. Ние им објаснувавме таму дека сме дојдени за нешто друго, дека посетата на улиците, односно со граѓаните на Шуто Оризари е по нивна иницијатива. Тие вербално не нападнаа, па откако физички не нападнаа, настана гужва и тоа беше целата работа, изјави Мемет.