СВЕТСКИ МАКЕДОНСКИ КОНГРЕС:ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НЕ ГО ПРЕКРШИ УСТАВОТ, ЈА СПАСИ ДРЖАВАТА И НАЦИЈАТА ОД ВЕЛЕПРЕДАВСТВОТО НА ПАРЛАМЕНТАРНОТО МНОЗИНСТВО И ВЛАДАТА!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

17 март 2018 година, Торонто, Канада

 

– Претседателот на Републиката не го прекрши Уставот со непотпишувањето на указот за прогласување на Законот за употреба на јазиците, туку ја спаси нацијата и државата од велепредавството на парламентарното мнозинство и Владата! Тие што го обвинуваат на претседателот на Републиката за “флагрантно кршење на Уставот“, нека ја докажат неговата “вина“ во согласност со постапката утврдена во членот 87 од Уставот! Се’ дотогаш, и за претседателот на Републиката важи презумцијата на невиност! И после се’ и покрај се’, Законот за употреба на јазиците повеќе не важи!

Без указ потпишан од Претседателот на Републиката, Законот за употреба на јазиците не важи, не може да влезе во сила и не произведува никакво правно дејство. Никој нема обврска да почитува и спроведува Закон кој не важи! Законот за употреба на јазиците не важи, не може да влезе во сила и не произведува никакво правно дејство, никој нема обврска да почитува и спроведува Закон кој не важи! Во сила останува Законот за употреба на јазик што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните во Република Македонија и во единиците на локалната самоуправа, што Собранието на Република Македонија го донесе на седницата одржана на 4 август 2008 година (“Службен весник на Република Македонија“ број 101/2008).

Охридскиот рамковен договор целосно е имплементиран во Уставот и законите на Република Македонија!

Владата и парламентарното мнозинство ги прекршија Уставот, Законот за Собранието и Деловникот на Собранието при донесувањето на Законот за употреба на јазиците, извршија кривично дело злоупотреба на службената положба и овласување и за тоа ќе заработат кривична пријава, а невиноста ќе ја докажуваат на суд! Одговорноста на велепредавниците допрва ќе се разгледува.

19 КОМЕНТАРИ

Latest News

Euro 2024 Schedule Revealed Key Dates and Matches

The UEFA European Championship, commonly known as the Euros, is one of the most prestigious football tournaments in the...

More Articles Like This