дома Свет Свикан итен состанок на НАТО откако еcкалираше ситуацијата во Авганистан

Свикан итен состанок на НАТО откако еcкалираше ситуацијата во Авганистан

За денеска беше свикан итен состанок на НАТО за ситуацијата во Авганистан, објави АФП, повикувајќи се на свои извори.
Итниот состанок ќе се одржи по информацијата дека Талибанците се приближиле до главниот град на Авганистан на 50 километри, пред да ги освојат главните градови на неколку провинции.

Стејт департментот вчера објави дека Пентагон ќе испрати дополнителни сили на аеродромот во Кабул, што ќе помогне да се евакуираат дел од американските дипломати кои престојуваат таму.