дома Култура СВИРИ ИМ ТАМУ ДА СЕ ВЕСЕЛАТ: Пораки со сочувство до семејството на...

СВИРИ ИМ ТАМУ ДА СЕ ВЕСЕЛАТ: Пораки со сочувство до семејството на легендарниот Зоран Маџиров

Иако последните шест месеци по тешката сообраќајка ги помина во болнички кревет, во длабока кома, тажната вест за единствениот Зоран Маџиров, денеска ја шокираше македонската јавност.

Последна почит до својот колега и пријател испраќаат голем број на јавни личности. Музичари, актери, новинари, пријатели… сите со збор за него… Сите со иста мисла… маката и судбината на семејството Маџирови…

Валентино Скендеровски: Патувај Зоки, свири им таму да се веселат, да играат, нозете да ги болат. Не го дочекавме 50 роденден заедно…


Петар Младеновски „Суперхикс“: Bon voyage Маестро! Има луѓе тука што ќе го паметат и чуваат она што си го сработил. Ти благодариме за сите „шишиња“!


Весна Бејби Петрушевска: Почивај во мир маестро…Еден беше Зоран Маџиров! Животот е еден миг, тажно, тажно…


Зоран Џорлев: Другар мој, почивај во мир! Останаа уште многу ноти да досвириме…Вечна ти слава!

Ели Клинчарова Младеновска: Maестро Маџиров ти благодариме и ти се поклонуваме. Твојата музика е наше богатство! Патувај, некој таму те чека…


Михаил Парушев: Почивај во мир Зоран…

Maја Андоновска Илијевски: Твојата уметничка големина ќе недостиа бескрајно! Почивај во мир, сочувство до семејството.