дома Актуелно СДСМ КОВА ПЛАН ЗА НАСИЛСТВО ВО СОБРАНИЕТО: Петре Шилегов како провокатор треба...

СДСМ КОВА ПЛАН ЗА НАСИЛСТВО ВО СОБРАНИЕТО: Петре Шилегов како провокатор треба да предизвика хаос во Собраниската сала!

По недоличното однесување на пратениците на СДСМ, репортерот на Инфомакс кој во моментот се наоѓа во Собранието на Р.Македонија известува дека опозициските пратеници заедно со колегите од албанските партии спремаат провокација која би требало да предизивка инцидент

Како што информира репортерот на Инфомакс, во Собраниското бифе помеѓу пратениците на СДСМ бил дискутиран планот да се предизвика инцидент.

Имено, како што дознаваме, планот е Петре Шилегов да биде провокаторот кој ќе започне прво со навреди кон пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, а потоа и да бара од претседавачот на Собранието Трајко Вељановски одговорност.

Знаејќи дека нема да им бидат прифатени барањата кои се косат со деловникот за работа, тие ќе го искористат тоа како оправдување и физички да се пресметаат во Собранието.