дома Македонија СДСМ не успеа да обезбеди мнозинство за да го изгласа предлогот за...

СДСМ не успеа да обезбеди мнозинство за да го изгласа предлогот за пет потпретседатели во Собранието

Дафина Стојаноска, Член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во своето гостување во телевизија 24 зборуваше за денешната собраниска расправа да Собранието има 5 потпретседатели и порача дека СДСМ денеска ова не го изгласа затоа што не можеа да обезбедат мнозинство на гласачи.

-Јас мислам дека денеска беше типичен пример дека вие не можевте да обезбедите мнозинство на гласачи, да ви беа присутни во Собранието ќе си ги изгласавте си имате 61 пратеник и одлуката ќе поминеше за Собранието да има 5 потпретседатели. Ставот наш е јасен ние сме пpoтив 5 потпретседатели на Собрание затоа што сметаме дека се премногу и за Македонија воопшто особено за овој период, истакна Стојаноска.

Стојаноска додаде дека според Деловник на ВМРО-ДПМНЕ му следува едно заменик претседателско место во моментот се уште нема предлог за тоа.