дома Локално СДСМ ПОЧНА СО ПАРТИЗИРАЊЕ НА ОПШТИНА ГАЗИ БАБА: Спротивно на закон поставува...

СДСМ ПОЧНА СО ПАРТИЗИРАЊЕ НА ОПШТИНА ГАЗИ БАБА: Спротивно на закон поставува за директори луѓе без работно искуство

Со одлука на градоначалникот на Општина Гази Баба Борис Георгиевски се започна со партизација на Општина Гази Баба и јавните претпријатија под неа.

Имено во текот на вчерашниот ден поставен е Влатко Митовски за в.д. Директор на Јавното комунално претпријатие Гази Баба 2007.

Според нашите информации, одлуката е спротивна на Закон бидејќи истиот не го исполнува законскиот услов и нема 5 години работно искуство.Таткото на Влатко пак работи во Агенција за катастар на недвижности и истиот е унапреден по доаѓањето на СДСМ на власт.

Во изминатиот период во Општина Гази Баба по партиски клуч  на СДСМ се вработени над 10 службеници под агенција за времени вработувања. На позиции на квалитетни и искусни професионалци службеници се носат луѓе без никакво работно искуство.