дома Актуелно СДС САКА НИКОГАШ ДА НЕ СЕ СЛУЧАТ ИЗБОРИ: Слабиот рејтинг го пишмани...

СДС САКА НИКОГАШ ДА НЕ СЕ СЛУЧАТ ИЗБОРИ: Слабиот рејтинг го пишмани Заев за локални, а камоли за парламентарни

СДСМ сака да ги одложи изборите што е можно повеќе, па како можен датум се споменува октомври. Октомври беше последен прифатлив датум што лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, го предложи како можен термин за ново гласање.

Анкетата што вчера ја објави ИРИ покажа каков е рејтингот на партиите пред локалните избори. Бројките покажуваат дека ВМРО-ДПМНЕ има убедлива предност пред СДСМ и речиси сигурно ќе освои најголем број градоначалнички места.

Токму затоа СДСМ сака да ги одложи изборите што е можно повеќе, ако може и да не се оддржат, па како можен датум се споменува октомври. Октомври беше последен прифатлив датум што лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, го предложи како можен термин за ново гласање.

СДСМ дотогаш ќе сака граѓаните да заборават на тиранската платформа, на начинот на кој сака да дојде на власт и на нелегитимниот избор на Талат Џафери за претседател на Собранието. Во следниот период партиите ќе треба да ги направат неопходните законски измени, како и да се продолжи мандатот на актуелните градоначалници, кој од вчера е  истечен.

Што се однесува до можните парламентарни избори, тие во овој момент се малку веројатни. Причини за тоа има неколку. Прво рејтингот на СДСМ во однос на ВМРО-ДПМНЕ е многу помал за околу 10 отсто, а друга причина е притисокот од ЕУ, која не сака да слушне за нови избори.

ЕУ бара по секоја цена да се формира влада помеѓу СДСМ и албанските партии, на било кој начин.Тоа ќе се случи дури и по цена претседателот Иванов повторно да не му го додели мандатот на Заев за формирање влада, а веројатно тоа ќе го направат по истото сценарио кога Џафери си го именуваа за Претседател на Собранието.

Џафери веќе отворено најавува дека ќе свика седница за избор на влада кога ќе поминат десетте дена од писмото што му го испрати на Иванов. Таквата седница ќе се случи околу 20 мај, а се очекува ЕУ и САД веднаш да ја признаат новата влада.