дома Политика СДСМ СЕ ФАЛАТ СО ПЕНДАРОВСКИ: Првпат во историјата 30 партии застанале зад...

СДСМ СЕ ФАЛАТ СО ПЕНДАРОВСКИ: Првпат во историјата 30 партии застанале зад еден кандидат

За првпат во историјата, 30 политички партии, од сите етнички заедници се обединија околу заеднички кандидат за претседател на државата.

Македонци, Албанци, Турци, Срби, Роми, Власи, Бошњаци и сите останати, застанаа зад Стево Пендаровски, натпартиски, европски, граѓански – пријател и претседател на сите и за сите граѓани .

На Република Северна Македонија и е потребен вистински Претседател, партнер и пријател на граѓаните и на иднината.

Претседател со високо чувство на одговорност, државност и посветеност, кој ќе нуди решенија во интерес на сите граѓани и ќе работи на интеграцијата во НАТО и ЕУ.

Тоа е Стево Пендаровски, личност што е решена и подготвена да ја води државата напред кон светла иднина, а не да ја враќа назад во темното минато.

Победата на Пендаровски на претстојните избори ќе биде уште една победа на нашиот заеднички пат кон напредокот, и развојот, пат на целосна интеграција во НАТО и ЕУ.