December 1, 2022, 9:44 pm

СДСМ утре ќе расправа за оставката на Заев, Алтернатива за влез во владината коалиција

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

По одложувањето на закажаните состаноци на Централниот и Извршниот одбор на СДСМ поради деновите на жалост, утре партиските органи на социјалдемократите ќе се изјаснат за оставката на нивниот лидер Зоран Заев.

И раководството на Алтернатива утре конечно ќе реши дали влегува или не во владината коалиција на СДСМ и ДУИ.

Заев побара од ЦО и ИО на СДСМ само да ја констатираат неговата оставка најавена уште на 31 октомври и да почне процедурата за избор на нов претседател на партијата. Меѓутоа неговите блиски соработници и дел од членството сметаат дека тој треба да остане на лидерската партиска позиција и на премиерската функција. Дел од нив дури и предлагаат референдум на партиското членство за потегот на Заев.

Ако утре СДСМ ја прифати оставката на Заев, почнува рокот од 15 дена за распишување внатрепартиски избори за нов претседател.

Пред една недела Зоран Заев и Африм Гаши, претседателот на Алтернатива, партија која има 4 пратеници, ја имаа последната средба после која премиерот изјави дека посакува парламентарното мнозинство да се засили. Гаши тогаш изјави дека има две опции – да останат во опозиција или да се приклучат кон владејачкото мнозинство.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This