дома Политика СДС ЌЕ АМНЕСТИРА ТЕШКИ КРИМИНАЛЦИ: СДС се обидува на брзоплет и неумесен...

СДС ЌЕ АМНЕСТИРА ТЕШКИ КРИМИНАЛЦИ: СДС се обидува на брзоплет и неумесен начин да протурка амнестија на лица сторители на тешки дела!

Самиот факт што СДС се обидува на брзоплет и неумесен начин да протурка амнестија на лица сторители на тешки дела, говори дека СДС има намера да креира дополнителен хаос во државата. Со ова сериозно ќе биде загрозен редот и мирот по градовите, по улиците и ќе биде доведен во прашање животот, безбедноста и имотите на граѓаните, стои во писмената реакција од страна на ВМРО-ДПМНЕ во врска со соопштението на СДС во врска со прес конференцијата на Владимир Ѓорчев.

-Ова се покажува дека во Македонија почнува да се инсталира политичко криминална коалиција во која на подземјето ќе му се удоволува со цел да одработи што е можно повеќе за партијата СДС. Овој принцип на СДС кој и досега го гледавме низ државата, кај што функционери на СДС се сликаа и договараа со припадници на подземјето сега треба само да се интензивира, велат од партијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ истакнаа дека одговорност за ваквата неодговорност на СДС ќе има. Граѓаните ќе го казнат обидот на СДС да инсталира каубојство и башибозлук во Македонија од кој директна штета ќе има народот. Граѓаните ова ќе го направат на 15-ти октомври кога ќе застанат на патот на дерогирањето на институциите и уништувањето на државата  кое го прави СДС