дома Македонија СДCM со пpeдyпpeдyвaњe до гpaѓaнитe: Пoвикoт за бojкoт на попиcoт e пoвиk...

СДCM со пpeдyпpeдyвaњe до гpaѓaнитe: Пoвикoт за бojкoт на попиcoт e пoвиk за пpeкpшyвaњe нa зaкoнитe

Повикот за бојкот на пописот е повик за прекршување на законите, продолжува деструктивноста на ВМРО-ДПМНЕ, се вели во утринското соопштение испратено од СДСМ.

Од партијата ја обвинуваат ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски дека остануваат на спротивната страна од интересите на граѓаните и државата, но нема да спречат одржување на попис согласно меѓународните стандарди и пракси. Според нив како и секогаш кога се носат битни законски решенија за државата и граѓаните ВМРО-ДПМНЕ се однесува деструктивно, неодговорно и антидржавно.

-Се противат на законот за попис на населението, кој овозможува оваа пролет, по речиси 19 години, во државата да се спроведе попис согласно меѓународните стандарди и прописите на Евростат. Бојкотот и повикувањето за бојкот на пописот од страна на ВМРО-ДПМНЕ предводена од губитникот Мицкоски значи и повикување на кршење на законите, се вели во соопштението од СДСМ.
Додаваат дека пописот е статистичка операција, а не избори, на пописот не се гласа, нема губитници и затоа Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ нема потреба да се плашат од одржувањето на пописот.