дома Занимливости Северина ја загуби битката за синот: Александар ќе живее со Милан

Северина ја загуби битката за синот: Александар ќе живее со Милан

Милан Поповиќ конечно добил што сака. Судот во Загреб го прогласил за подобен татко за чување на малолетното дете, 6-годишниот Александар, додека двојното старателство е укинато.

Северина сега ќе може да го види својот син според новите правила само кога судот ќе ги одобри, додека детето ќе живее со својот татко од сега.

Северина не сонувала дека нејзините нови секси слики ќе и „дојдат до глава“, поточно дека ќе го изгуби својот син, инаку сигурно ќе била повнимателна за тоа како и во што се слика, пишуваат медиумите во регионот.

Инаку, Северина не огласи по овој повод, па останува да видиме дали овие информации се точни.