Северна Кореја лансираше „неидентификуван проектил“ лансирна рампа во близина на Пјонгјанг во источен правец, изјавил генералот на генералштабот на Јужна Кореја, пренесува агенцијата Јонхап
„Северна Кореја лансираше неидетификуван проектил во источен правец од близината на Пјонгјанг утринава“ – стои во изјавата на Генералштабот на Јужна Кореја
Јужнокорејската и американската војска ги анализираат деталите од лансирањето, пренесува Ројтерс.
Преку телевизијата НХК, граѓаните на Хокаидо и регионот Тохоку во Јапонија добија и предупредување да најдат засолниште, откако проектилот влегол во воздушниот простор на Јапонија, во близина на Хокаидо околу 7.06 по локално време.
North Korea has just launched a missile, the alert says residents in northern part of Japan should stay inside. pic.twitter.com/AIbv8k6BRx
— azusa tanaka (@azusata) September 14, 2017
Официјално Токијо известува дека проектилот прелетал над Јапонија.
Нешто пред лансирањето на ракетата, Пјонгјанг предупреди дека е време да се „уништи“ САД, и да се „потопи“ Јапонија, и да се „избрише“ Јужна Кореја, откако во Советот за безбедност во ОН беа усвоени санкциите против Северна Кореја.