дома Свет СЕВЕРНА КОРЕЈА ЛАНСИРАШЕ РАКЕТА: Ким Јонг Ун лансираше ракета кон северна Јапонија...

СЕВЕРНА КОРЕЈА ЛАНСИРАШЕ РАКЕТА: Ким Јонг Ун лансираше ракета кон северна Јапонија – прогласена состојба на приправност!

Пјонгјанг лансираше проектил, кој според наводите на јапонската влада, прелетал преку северна Јапонија, јавува Раша Тудеј

Јапонската влада го активирала својот систем за предупредување „J-alert“ откако Северна Кореја рано изутринава по локално време, испалила неидетнтификуван проектил. Севернокорејската ракета помина преку јапонскат терторија околу 6.06 по локално време, пренесува Ројтерс. Јапонската војска не се обидела да пука по ракетата, но ги предупредила луѓето да превземат мерки на предострожност.

Во меѓувреме, челниците на Јужна Кореја велат дека Пјонгјанг испалил „проектил“ во правец на источното Јапонско море во 5.57 часот по локално време, јавува Јонхап.

Јужнокорејската агенција додава дека американската војска во Јужна Кореја во моментов ги анализира најновите лансирања на севернокорејски ракети.