дома Свет СЕВЕРНА КОРЕЈА СПРЕМНА ЗА ПРЕГОВОРИ: Пјонгјанг спремен за преговори со Соединетите Американски...

СЕВЕРНА КОРЕЈА СПРЕМНА ЗА ПРЕГОВОРИ: Пјонгјанг спремен за преговори со Соединетите Американски Држави

Делегацијата на Северна Кореја на состанокот со јужнокорејскиот претседател Мун Џае Ин изјави дека е спремна за преговори помеѓу Северна Кореја и Соединетите Американски Држави, соопшти јужнокорејската администрација

„Севернокорејската делегација изрази спремност за дијалог помеѓу Северна Кореја и САД, а исто така изрази мислење дека е неопходно истовремено да се развиваат и меѓукорејските односи и односите помеѓу Северна Кореја и САД“, јави агенцијата Јонхап.

Високата делегација од Северна Кореја пристигна во неделата наутро во Јужна Кореја. Посетата се поклопува со затворањето на Олимписките игри во Пјонгчанг и ќе трае три дена. Делегацијата на Северна Кореја, која се состои од осум членови, ја предводи раководителот на одделението на единствениот фронт на Работничката партија Ким Јенг Чел.