дома Европа СЕГА ЌЕ СЕ РЕШИ ПРОБЛЕМОТ ВО АВГАНИСТАН: Литванската војска испрати трупи во...

СЕГА ЌЕ СЕ РЕШИ ПРОБЛЕМОТ ВО АВГАНИСТАН: Литванската војска испрати трупи во Авганистан во рамки на мисијата на НАТО

Литванската влада ја зголеми поддршката за операцијата на НАТО „Одлучна поддршка“ во Авганистан по барање на Северноатлантскиот сојуз, ијзави министерот за одбрана на земјата на 22 февруари

Непознат број на Литвански трупи од специјалните сили на земјата ќе се придружат на 21 Литвански војник кои во моментов се на служба во Авганистан со НАТО од април минатата година, нотира министерот.

„Литванија добива силна поддршка од сојузниците, затоа мораме да придонесеме кон нашите заложби за борба против проблемите од глобален карактер преку помош за превенција на проширувањето на тероризмот“, изјавил Раимундас Кароблис, Литванкси министер за национална одбрана.

Експертот за прашања во врска со Авганистан од Институтот за Одбрана и анализа Вишал Чандра, вели дека постои консензус за тоа дека треба да се конфронтираат Талибанците, но помеѓу Талибанците постојат многу помали групи, кои не се во добро расположение да започнат разговори со владата во Авганистан.