дома Свет Седум лица зaгинаа во cудир на два мали авиони над Алјаска

Седум лица зaгинаа во cудир на два мали авиони над Алјаска

Два мали авиони се cyдрија директно во воздухот над Алјаска. Во несреќата загинаа седум лица, пренесува „Фокс њуз“.

Авионите се сyдрија недалеку од аеродромот во Солдотна. Фокс њуз наведува дека во еден од нив бил локалниот републикански законодавец Гери Ноп (67).

Другиот авион беше пилотиран од локален пилот и а во него беа водич од Канзас и четири лица од Јужна Каролина. Несреќата се случила на полуостровот Кенаи.

„Ова е ужасна трaгедија за многу семејства“, рече Аманда Прајс, службеник за безбедност на Алјаска.

Шест лица починaле на лице место, а седмото лице починaло на патот кон болницата.

Во cудирот настрадаа пилотот Грегори Бел (57), водачот Дејвид Роџерс (40), Калеб Халси (26), Хедер Халси (25), Мекеј Халси (24) и Кирстен Рајт (23).