дома Актуелно СЕКОЈДНЕВНО ПОМАСОВНО:И граѓани аматери велосипедисти се приклучија кон маршот ЗА ЗАЕДНИЧКА...

СЕКОЈДНЕВНО ПОМАСОВНО:И граѓани аматери велосипедисти се приклучија кон маршот ЗА ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА

Откако Велосипедската федерација на Македонија од денеска се приклучи со поддршка на маршот во Скопје на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“, кон маршот подоцна се приклучија и останати аматери велосипедисти.

Никола Лефков од Велосипедската федерација вели дека тие се сведоци на ова што се случува во нашата држава и не би сакале тоа да е така.

-Сакаме да го зачуваме македонскиот идентитет и да продолжиме да го вееме македонското знаме на меѓународните натпревари како што тоа го правевме досега, истакна Лефков.