дома Македонија СЕЛА БАРА ПРЕДВРЕМЕНИ: Треба конечно да се смени оваа влада

СЕЛА БАРА ПРЕДВРЕМЕНИ: Треба конечно да се смени оваа влада

Претседателот на Алијанса за Албанците Зијадин Села, во вклучување преку скајп за РТВ Ора рече дека во Македонија треба да има предвремени избори. Според Села, дојдено е време да се смени власта.

Села: Ние како Албанци, како албанска партија, сметаме дека предвремените избори треба да се случат што е можно поскоро. Ова со цел конечно да се смени власта и на тој начин да се донесе демократија и да ја вратиме надежта на луѓето и да се запре eгзодусот на младите кон ЕУ.

Тој имаше kpитики и за ДУИ. Според него, албанскиот дел во владата владеел на незakoнски начин.

Зијадин Села: Сите функционери на ДУИ се зaштитени од овој сегашен полу рeжим на СДСМ и ДУИ, кои мора да одговараат за kpиминалот и kopупцијата кои ги имаат направено. Затоа велиме дека е многу важно да има предвремени избори со цел да дојде до израз одговорноста на албанскиот дел од владата, која владееше незаконски начин и со проблемите на ваквиот начин на владеење се соочуваме секој ден во албанското општество.

 

 Извор  РТВ Ора